30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Црниот пазар на интернет

График на денот: Црниот пазар на интернет

crn market 001

Од започнувањето на онлајн црниот пазар, „Silk Road“, пред пет години пазарите во т.н. „dark web“ (темен интернет) ги претставуваат мрачните и засенчените делови на интернет. А тајниот карактер на сличните сајтови ги прави тешки за истражување, коментира „The Economist“.

Минатата година сепак истражувачот под псевдонимот „Gwern Branwen“ фрли извесна светлина на темниот интернет. Околу еднаш неделно меѓу декември 2013-та и јули 2015-та година програмите напишани од него, навлегуваат во околу 90 криптопазари, со архивирање на мометалната слика на секоја страница.

crn market 0222

„The Economist“ ги објави податоците од добиените 1,5 терабајти информации за околу 360.000 продажби на црните пазари „Agora“, „Evolution“ и „Silk Road 2“. Секако, постојат празнини во податоците. Сликите на „Branwen“ најверојатно пропуштаат некои трансакции. Изданието ја исклучува секоја продажба, која е постара од една недела во моментот на правење на сликата. Ако некоја цена е апсурдно висока, страницата ја игнорира, бидејќи слични „цени“ се користат од дилерите за да покажат недостаток на инвентар. Продавачите понекогаш прават лажни продажби или критики. Нестабилниот девизен курс меѓу биткоинот и доларите значи дека обраќањето на цените секогаш е целосно точно. Сепак податоците откриваат многу за активностите на сомнителната индустрија.

crn market 044

Вкупно оценуваните трансакции се во вредност од околу 50 милиони долари. Од нив продажба на екстази формира најмногу од вредноста, а марихуаната е најчестиот производ со околу 38.000 продажби. Вкупно секторот на нелегалните дроги придонесува најмногу со зделки од 27,0 милиони долари.

Легалните лекови како оксикодон, ксанакс и диазепам (валиумот) се исто така многу популарни. Оваа категорија е на второ место по продажба во темниот интернет со вкупно 4,6 милиони долари.

crn market 033

Една третина од продажбата не се наоѓаат во ниту од категориите (дрога, лекови и ненаркотични стоки) на весникот. Тие вклучуваат дополнителни производи поврзани со земањето на дрога, на пример „бонгови“ (уред кој се користи за пушење најчесто на марихуана, тутун и друго), како и дрога со нови имиња, непознати за изданието – „Barney’s Farm“, „Pink Panther“ и „Gorilla Glue“.

Со најмал процент е третата категорија – ненаркотични стока. Тука се вклучуваат податоци за кредитни картички, фалсификувани лични документи, уреди за хакирање, порнографија и друго. Трансакциите во овој сектор се едвај 800.000 долари.

crn market 00

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП