1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските инвестиции во САД достигнаа рекордно ниво во 2015-та година

Странските инвестиции во САД достигнаа рекордно ниво во 2015-та година

us invest 00

Инвестициите во американски компании од страна на странци достигнаа рекордно ниво во 2015-та година, а многу од трансакциите се поврзани со т.н. корпоративни преместувања, при што дел од американските фирми ги преместуваат седиштата во земји како Ирска, за да имаат корист од пониските даночни стапки, пишува „MarketWatch“.

Директните инвестиции во САД од страна на странските инвеститори растат за 68% до 420,7 милијарди долари во 2015-та година, што го надминува последниот рекорд од пред 15 години, покажува статистиката.

Околу 97% од инвестициите се поврзани со спојувања и превземања на американски компании. Само мал дел од инвестираните средства се за лансирање на нов бизнис или проширување на постојните странски операции во САД.

Речиси 42% од инвестициите во 2015-та година ги извршиле странски компании со седиште во Ирска, земја со многу пониска стапка на корпоративниот данок. Уште еден голем дел од вложените средства доаѓаат и од Канада и Германија.

Околу две третини од странските инвестиции се насочени кон бизнисот со фармацевтски лекови и медицината воопшто, а Калифорнија привлекува повеќе од една четвртина од странските средства во 2015-та година.

us invest 02

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП