19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурските акции паднаа 2,5 отсто по обидот за пуч

Турските акции паднаа 2,5 отсто по обидот за пуч

berza turcijaa 33

Цените на акциите на берзата во Истанбул паднаа во понеделникот утрото за 2,5 отсто бидејќи вложувачите се вознемирени од обидот за воен преврат во Турција, ноќта кон саботата, иако тој беше неуспешен.

Турската лира којашто во петокот падна за речиси 5 отсто, по првите вести за обид на дел од војската за да ја собори владата, во понеделникот зајакна за околу 3 отсто и надомести дел од загубите.

Во текот на викендот владата ги примируваше стравувањата на граѓаните и порача дека се консултирала со централната банка и трезорот, како и дека ги преземала „сите потребни мерки“. Централната банка соопшти дека ќе ја осигура неограничената ликвидност на банките.

Денеска, пак, челникот на турското банкарско здружение Хисеин Ајдин изјави за агенцијата „Bloomberg“ дека нема „невообичаени случувања“ во турскиот банкарски сектор, како и дека се чини оти на банките не им се потребни дополнителни мерки од централната банка. Порача и дека банките не очекуваат сериозен раст на трошоците на странското финансирање.

Иако се очекуваше турбулентно тргување по отворањето на берзата во Истанбул по обидот за пуч, се чини дека инвеститорите ги примирија напорите на властите да ја смират ситуацијата.

Од почетокот на годината па до крајот на минатата седмица, турскиот берзански индекс Nacional 100 порасна речиси 15 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП