28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air доби ИОСА регристрација од ИАТА

Wizz Air доби ИОСА регристрација од ИАТА

wiz

Wizz Air гордо објавува дека беше регистриран под Меѓународната асоциација за воздушен транспорт (ИАТА) , Оперативната ревизија за безбедност (ИОСА), глобален репер за признание на безбедноста на авиокомпанијата.

Откако почна со летање во 2004, Wizz Air посвети значително време и ресурси за да се осигура дека нејзината безбедносна култура, безбедносни процедури, обука и развој на вработените се од светска класа.

Програмата ИОСА е светски стандард за безбедност на авиокомпанискиот развој и оценување на системите и процесите за управување со безбедноста и контрола на авиокомпанијата. Развојот на Wizz Air беше спроведен од AQS, еден од шестте одобрувачки ревизиски организации на ИАТА.

Јозсеф Варади, главниот извршен директор на Wizz Air, изјави: ” Wizz Air е посветена кон достигнување на највисоките стандарди во сите области на нашето работење. Горди сме што ја добивме ИОСА регистрацијата која ја потврдува безбедносната култура која  ја имаме воспоставено во рамките на компанијата. Безбедноста е наш приоритет број еден, и нашите корисници можат да уживаат во ниските цени на Wizz и со одлично искуство за време на летот знаејќи дека се во сигурни раце.”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП