6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвиот квартал на кинеската економија послаб од очекуваниот

Првиот квартал на кинеската економија послаб од очекуваниот

kina5

Кинеската економија, која е втора по големина во светот, во текот на првите три месеци од оваа година забележа полоши економски резултати отколку што очекуваа многу аналитичари.

Во кварталот од јануари до март, економскиот раст изнесуваше 7,7 проценти, што преставува намалување во споредба со 7,9 проценти кои беа забележани во текот на претходните три месеци.

Аналитичарите прeдвидуваат дека кинеската економија ќе забележи раст од речиси осум проценти.

И останатите податоци, клучни за економијата, исто така, се пониски од очекуваните.

Индустриското производство во Кина, во март се зголеми за 8,39 проценти, но повеќето аналитичари сметаа дека тоа ќе се зголеми за 10 проценти.

Во првите три месеци од 2013 година, инвестициите во основните средства, што се главен фактор за растот на Кина, се зголемиле на 20,9 проценти, но аналитичарите очекуваа растот да биде поголем од 21 процент.

„Кинеската економија покажува благ замав на раст во првиот квартал. Сите податоци покажуваат дека економијата се обновува полека“, изјави аналитичарот Веј Јао од Сосиете женерал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП