3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит може да се случи на 1-ви јануари 2019-та година?

Брегзит може да се случи на 1-ви јануари 2019-та година?

brexit13333

Велика Британија ќе се стреми да излезе од Европската унија на 1-ви јануари 2019-та година. Ова го објави министерот за надворешна трговија на Обединетото Кралство Лиам Фокс, цитиран од „Франс прес“.

„Тоа е датумот на кој работиме и тој може да биде поместен напред по потреба“, рече министерот.

Постапката вклучува активирање на чл.50 од Лисабонскиот договор во рамките на оваа година, за да биде запазен двегодишниот рок во кој треба да биде направено потребното за напуштање на заедницата.

Во моментов е создадено специјално Министерство за излегувањето од ЕУ со 40 вработени, кое ќе се зголеми за уште неколку чиновници.

Фокс посочи дека во меѓувреме започнале разговори со САД, Канада и Австралија во врска со прашањата поврзани со слободната трговија.

Додека во Лондон се подготвуваат за излез од ЕУ, Шкотска, која масовно гласаше за останување, може повторно да гласа за напуштање на Велика Британија. Премиерот Никола Стургеон посочи дека референдум во врска со оваа тема е можно да се одржи догодина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП