10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftBank ja стекнува Arm Holdings за 32 милијарди долари

SoftBank ja стекнува Arm Holdings за 32 милијарди долари

soft bank 335

Јапонскиот технолошки концерн „SoftBank“ ќе ја купи „Arm Holdings“, британската технолошка компанија за производство на чипови, за 23,4 милијарди фунти (32 милијарди долари) во една од најголемите зделки во технолошката индустрија, пренесува „Bloomberg“.

„АRM“ има силно присуство на пазарот на мобилни уреди и има намера да стане водечки фактор и во присуството кај повеќе паметни уреди.

Договорот за компанијата со седиште во Кембриџ, „Arm“, која беше основана пред 25 години и сега има 4000 вработени, ќе биде најголемото стекнување на европски технолошки бизнис.

„SoftBank“ ќе плати 17,43 долари за секоја поединечна акција на компанијата, што претставува премија од 43 отсто над цената на затворање на акциите од петокот, а според параметрите на договорот целата сума ќе биде преведена во форма на плаќање во готово. Се очекува официјално двете страни да ја потврдат оваа трансакција наскоро и таа ќе стане најголемото стекнување во историјата на „SoftBank“. Благодарение на оваа инвестиција јапонската компанија ќе има можност да стане влијателен фактор на пазарот на смартфони, како и во стекнување популарност кај „Интернет на нештата“.

Во моментов околу 95% од смартфоните на пазарот користат процесори, кои се базирани на архитектури на „ARM“ и таа веќе има планови да се натпреварува со „Intel“ и во сферата на серверите. Паралелно со ова британската компанија е заинтересирана за автомобилската индустрија и паметните уреди кои се поврзуваат на интернет, каде што гледа најголем потенцијал за иден развој.

Некои од претходните трансакции на компанијата ја вклучуваат  инвестицијата од 20 милиони долари во кинеската „Alibaba“ во 2000-та година, која сега се проценува на 65 милијарди долари, како и стекнувањето за 15 милијарди долари на јапонската единица на „Vodafone“ во 2006-та година што ја позиционираше „SoftBank“ како трет по големина оператор на пазарот.

Во последната деценија „SoftBank“ учествува во над 140 договори во вредност од над 82 милијарди долари, покажуваат податоците на „Dealogic“. Речиси сите од нив се реализирани во изминатите четири години од „Арора“, кој оствари серија трансакции, од купување на мали удели во вредност од неколку милиони долари во помалку познати новоформираните до инвестиции за милијарди долари во најбрзорастечки компании како „Didi Chuxing“, кинескиот конкурент на „Uber“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП