25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкотската премиерка не го отфрла останувањето и во ЕУ и во Британија

Шкотската премиерка не го отфрла останувањето и во ЕУ и во Британија

bri-shko

Шкотската премиерка Никола Старџен изјави во неделата дека не ја отфрла можноста Шкотска да остане и во Европската унија и во Велика Британија, која на неодамнешниот референдум одлучи да излезе од ЕУ најмногу благодарејќи на гласовите од Англија и од Велс.

„Мислам дена тоа не би требало да се отфрла во оваа фаза“, изјави Старџен.

На контроверзниот референдум во 2014 година гласачите ја отфрлија независноста на Шкотска, но во најголем број го поддржаа останувањето на земјата во Европската унија на референдум за излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 23-ти јуни, по што премиерката Никола Старџен сугерираше дека би можело да се случи и ново гласање за излегувањето на Шкотска од Велика Британија

Новата британска премиерка Тереза Меј се сретна во петокот, веднаш по стапувањето на должноста, со шкотската колешка Старџен. По тој состанок Меј изјави дека Британија нема да ги покрене формалните разговори за излегувањето од ЕУ сé додека не биде договорен „британскиот пристап“, настојувајќи со тоа да ја примири Шкотка кој силно се противи на Brexit-от.

„Подготвена сум да ги сослушам сите опции и јасно денеска ѝ реков на шкотската премиерка дека сакам шкотската влада да биде целосно ангажирана во нашите преговори“, изјави Меј додавајќи дека веќе изјави оти има намера „да го активира членот 50 (од Лисабонскиот договор за ЕУ кој го утврдува начинот на излегување на земја членка –з.р.) додека не сметам дека имаме единствен британски пристап и цели за преговори“.

Истовремено, една од трите кандидата за претседател на опозицската Лабуристичка партија, Анџела Игл изјави во неделата дека сите британските политичките партии треба да постигнат договор околу условите за британското излегување од ЕУ.

„Треба да ги утврдиме условите за излегување и за тоа сите партии треба да се договорат“, реле Игл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП