9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМнозинството Британци против втор референдум за излегување од ЕУ

Мнозинството Британци против втор референдум за излегување од ЕУ

yes2eu

Повеќето Британци се против одржувањето на повторен референдум за членството на нивната земја во Европската унија и речиси половината веруваат дека новата премиерка Тереза Меј би требало да продолжи да ја извршува должноста без да бидат распишани општи избори, покажуваат најновите анкети спроведени во Велика Британија.

Испитувањето на јавното мнение коешто го спровело агенцијата ComRes на 2.097 испитаници во периодот меѓу 13-ти и 15-ти јули, за дневниот печатен весник The Sunday Mirror и интернет изданието The Independen, покажало дека 57 отсто од испитаниците не го подржуваат предлогот за втор референдум за членство во Европската унија, додека 29 проценти од нив го поддржуваат.

Вкупно 46 отсто сметаат дека конзервативната премиерка Тереза Меј не би требало да распише избори, додека 38 проценти сметаат дека треба преку избори да им се обрати на граѓаните за да добие поддршка за својата програма за излегување на Велика Британија од ЕУ.

На референдумот одржан на 23-ти јуни 52 отсто од оние кои учествуваат гласаа Велика Британија да излезе од ЕУ, а 48 отсто да остане, а вкупниот рој излезени на избирачките места изнесувал 72,2 отсто од целото гласачко тело.

Поради тоа оние кои се застапници на британското членство во европската заедница, околу пет милиони, потпишаа петиција се повикуваше „владата да го примени правилото според која треба да се организира уште еден референдум, доколку гласањето во полза на останувањето или излегувањето од ЕУ изнесува помалку од 60 отсто од гласовите со процент на излезност на гласачките места понизок од 75 отсто“.

Тереза Меј, меѓутоа, ја отфрли можноста за одржување втор референдум порачувајќи дека „Brexit значи Brexit“.

Владејачката Конзервативна партија со тесно мнозинство победи на минатите општи избори во 2015 година најмногу токму на ветувањето на нејзиниот тогашен челник и доскорешен премиер Дејвиод Камерон дека ќе го распише референдумот за членството во ЕУ најдоцна до крајот на 2017 година. Неговата наследничка на двете должности Меј, сега вели дека не би требало да има предвремени избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП