15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBrexit може да ги стопи приходите на инвестициските банки со 8 милијарди...

Brexit може да ги стопи приходите на инвестициските банки со 8 милијарди долари

4000

Британското гласање за напуштање на Европската унија веројатно ќе доведе до намалување на приходите на инвестициските банки во светот со околу 8 милијарди долара, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на извештајот на „Boston Consulting Group“.

Приходите од услуги во областа на спојувањата и превземањата, продажбата на обврзници и трговија со хартии од вредност се очекува да се намалат до околу 204 милијарди долари во 2016-та година во споредба со 228 милијарди долари во минатата година.

Прогнозата е ревидирана надолу во однос на претходните очекувања за 212 милијарди долари како една од директните последици од референдумот во Британија, кој има потенцијал да ги намали давачките за услуги при спојувања и превземања во Европа со околу 60%.

„Brexit“ ги потопи во „мрак“ европските операции на банките поради нејасната иднина на односите на Велика Британија со најголемиот трговски блок во светот.

Соочени со високи трошоци за преместување на некои комерцијални операции во други земји од ЕУ, банките може да се одлучат да се повлечат.

„„Brexit“ најверојатно ќе влијае како на краткорочните приходи преку пазарните превирања и загубата на довербата од страна на претпријатијата, така и на долгорочната перспектива за приходите преку разурнувачката трансформација, која го очекува бизнисот“, објасни еден од авторите на извештајот Филип Морел.

Политичкиот аспект исто така може да ги зголеми трошоците и главоболки во двете насоки. Капиталните барања на европските претпријатија може да се зголемат за цели 40 милијарди евра, при што околу 10 милијарди евра капитал ќе биде потребен за трансформација на филијалите на германските банки во британските филијали.

Околу половина од обемот на трговијата во Лондон е поврзан со Европа, а некои ќе бидат принудени да се преселат во други земји.

Деноминирани во евра, дериватите е поверојатно да бидат преместени, додека консултантските услуги кај спојувањата и превземањата и трговијата со акции и валути имаат подобри шанси да останат во Лондон.

За банките, кои веќе вршат значителни операции во многу европски земји, преместувањето на персоналот и активностите веројатно ќе ја зголеми цената во Европа со 8%.

Банките без значително европско присуство надвор од Лондон ќе треба да изградат нови операции со потенцијал да ги зголемат годишните трошоци за 22 отсто во регионот.

И иако најзасегнати ќе бидат приходите во Европа, Блискиот Исток и Африка, консултантската компанија очекува глобалните приходи да падат за 32% до 40 милијарди долари во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП