19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во САД расте со брзо темпо

Индустриското производство во САД расте со брзо темпо

am industri 33

Производствениот сектор во САД расте во јуни со побрзо темпо од јануари, поддржан од производството на автомобили и од сигналите дека домашната потрошувачка се подобрува, соопшти „Bloomberg“.

Индустриското производство, кое сочинува 75% од целата индустрија, порасна со 0,4%, откако во мај се намали за 0,3 отсто, покажуваат податоците на Федералните резерви. Просечната прогноза на 25 економисти анкетирани од „Bloomberg“, беше за 0,3% зголемување.

Генералното индустриско производство, кое ги вклучува рударството и компаниите за комунални услуги, оствари раст од 0,6%, што исто така ги надминува очекувањата и е најголем раст од речиси една година.

Стабилизацијата кај цените на суровините бледеат од силниот долар и им овозможуваат на компаниите во производствениот сектор исто така да окупираат стабилна позиција. Помалата достапност на акции и зголемената побарувачка од страна на домаќинствата ја поддржуваат индустријата, но истовремено глобалните последици од референдумот за Brexit може да се претворат во пречка за американските компании да извезуваат.

Индустрискиот сектор генерира околу 12% од економијата на САД.

„Bloomberg“ наведува дека најдобрите резултати најверојатно се одразуваат на топлото лето, така што овој јуни беше најтопло во сите Држави со исклучок на Хаваи и Алјаска.

Рударството, вклучувајќи ја експлоатацијата на нафтата, оставари раст од 0,2 отсто, одразувајќи се на стабилизирање на цената на нафтата и на други суровини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП