9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Европа се повеќе ќе купува гас

Русија: Европа се повеќе ќе купува гас

1976100135789f81ef3868416085253_w640

Русија ќе го зголеми обемот на испорака на гас за Европа за две-три милијарди кубни метри за три до пет години.

Тоа го изјави претседателот на Одборот на директори на рускиот Газпром, Виктор Зубков.

„Нашите проценки, нашите експерти и нашите долгорочни договори се доказ дека нема да ги намалуваме испораките на гас во Европа. Токму спротивното, ние ќе ги зголемиме, веројатно за две-три милијарди кубни метри“, изјави Зубков, додавајќи дека тоа ќе се реализира во периодот од три до пет години, пренесува руската агенција Тас.

Побарувачката во Европа за увезен гас ќе порасне за најмалку 100 милијарди кубни метри до 2025 година и можеби за 150 милијарди кубни метри до 2035 година, изјави пред неколку дена генералнот директор на Газпром, Алексеј Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП