23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДупката во буџетот на САД ќе порасне на 600 млрд долари

Дупката во буџетот на САД ќе порасне на 600 млрд долари

102405196757891b490a516362253983_w640

Буџетскиот дефицит на САД ќе порасне на 600 милијарди долари во фискалната 2016 година, што е за 16 милијарди долари помалку од претходните очекувања.

Ова го соопшти Канцеларијата на Белата куќа за управување и буџет.

Дефицитот, според новите проекции, ќе изнесува 3,3 проценти од бруто домашниот производ, додава Канцеларијата, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Сепак, прогнозираниот дефицит, како што наведува агенцијата АП, за 162 милијарди долари е поголем од минатогодишниот.

Разочарувачките податоци, иако очекувани, доаѓаат после стабилното намалување на дефицитот од нивото од 1,400 милијарди долари, колку што Обама наследи по длабоката рецесија од 2007-2009 година.

Администрацијата на претседателот Обама предвидува дека економијата на САД оваа година ќе оствари раст од дури 2,2 проценти, што и понатака е пооптимистично во однос на многу други прогнози.

Американската Управа за Федерални резерви (ФЕД) минатиот месец ја намали прогнозата од 2,2 проценти на 2,0 проценти, додека економистите на банката „Morgan Chase“ се уште попесимистични, предивидуваат раст од дури 1,8 проценти, наведува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП