Македонија од денеска има пристап 25 милиони евра од Светска банка, кои се наменети за поддршка на капитални проекти во општините во Македонија.
„Иако Бордот на Светска банка, користењето на овие средства првично ги услови со одржување на парламентарните избори, односно да ги стават на користење по завршување на изборите, сега ја сменија одлуката и средствата стануваат ефективни од денес“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.
Од ова Министерство уште додават дека во најбрзо можно време ќе објават јавен повик до општините за аплицирање за овие средства.
Преку првиот Проект за подобрување на општински услуги МСИП 1 успешно се финансирани 70 проекти во 54 општини, во рамки на кои беа изградени училишта, градинки, локални улици, водоводи, канализации и други капитални проекти за подобрување на животот во македонските општини.