19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Кина не заслужува статус на пазарна економија

САД: Кина не заслужува статус на пазарна економија

14278785025788ca613f384017822351_w640

САД ја предупредија Кина дека не направила доволно за да се квалификува за добивање на статус на пазарна економија, а посебно во областа на челикот и алуминиумот.

Официјален Пекинг инсистира на тоа оваа зима автоматски да му биде доделен статусот на пазарна економија, повикувајќи се на договорот од пред 15 години, поточно од 2001 година, кога Кина првпат се приклучи на Светската трговска организација(СТО).

Влезот на Кина во СТО тогаш беше проследен со мноштво правила, а едно од нив се однесува и на 15 годишното ембарго на прогласување на Кина за пазарна економија, што овозможува процеси против кинеските компании по прашање на дампинг цените и воведување на специјални царини на кинеската стока.

Истекувањето на тој рок, според зборовите на американскиот трговски претставник Крис Вилсон, не подразбира автоматско доделување на статусот на пазарна економија на Кина на 11 декември ова година.

„Постои сомнеж дека кинеските пазарни реформи не ги исполнија очекувањата. Тоа особено е забележително во секторот на челикот и алуминиумот, каде што кинеските државни интервенции предизвикаа голема презаситеност на глобалната понуда што се заканува на опстанокот на конкурентните компании во тие индустрии ширум светот“, рече Вилсон.

Истовремено, кинескиот претставник во СТО се согласи дека истекот на рокот не значи автоматско доделување на статусот пазарна економија за Кина, но дека тоа ќе го елиминира правниот основ за продолжување на користењето на „дискриминаторните анти дампинг методи“ против Кина.

Европската унија(ЕУ, исто така, дебатира околу доделувањето на статусот пазарна економија за Кина, а во необврзувачкото гласање во мај Европскиот парламент(ЕП) со големо мнозинство гласови ја отфрли идејата за олабавување на трговските одбранбени мерки против Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП