18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрошоците на BP за излевањето на нафтата во Мексиканскиот залив достигнаа 61,6...

Трошоците на BP за излевањето на нафтата во Мексиканскиот залив достигнаа 61,6 милијарди долари

mek zaliv 33

Нафтената компанија British Petroleum (BP) објави дека конечната сметка за излевањето на нафтата во Мексиканскиот залив во 2010 година ќе изнесува 61,6 милијарди долари и дека верува оти понатамошните тужби поврзани со излевањето „нема да имаат значително материјално влијание“, објавија британските медиуми.

Бушотината Deepwater Horizon во Мексиканскиот залив експлодираше на 20 април 2010 година при што загинаа 11 работници и дојде до излевање на нафта што набрзо се претвори во најлошата еколошка катастрофа во САД, потсетува BBC. Од тогаш, BP плаќа скапи казни. Надоместоци и правни сметки.

Минатата година извршниот директор Боб Дадли ја опиша катастрофата на бушотината Deepwater Horizon како „смртно опасна“ за компанијата. Во петок, пак, за BBC рече дека компанијата била потресена „до срж“ и дека тоа довело до целосна промена во организациската структура.

„Понекогаш е потребно блиско искуство со смртта за да може компанијата радикално да се промени. Беше принудена да се фокусира на она што е нужно за да преживее“, изјави Дадли за BBC.

За да ги финансира трошоците од оваа катастрофа, компанијата последните години продаваше имот вреден повеќе од 45 милијарди долари.

Во октомври минатата година BP се согласи да плати 20 милијарди долари во спогодбата со американските власти заради штетите од излевањето на нафтата. Оваа спогодба е најголема во историјата што американските власти ја постигнале со некоја компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП