5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи паднаа по нападот во Ница, под притисок туристичкиот сектор

Европските берзи паднаа по нападот во Ница, под притисок туристичкиот сектор

evro-berzi

На европските берзи во петокот утрото цените на акциите паднаа по тринеделниот раст, а под најголем притисок е туристичкиот сектор, што е последица на терористичкиот напад во Ница, додека на азиските берзи цените на акциите пораснаа.

Индексот STOXX на 600 водечки европски акции во 9,30 часот беше во минус од 0,3 отсто, по силниот раст од почетокот на седмицата. Лондонскиот FTSE, франкфуртскиот DAX и парискиот CAC индекс во истиот период од тргувањето беа во минус од 0,2 до 0,5 отсто.

Вложувачите стравуваат дека нападот во Ница со најмалку 84 мртви лошо ќе влијае врз туризмот, па во петокот утрото најмногу паднаа цените на акциите на француските хотели и воздухопловните превозници.

Така, цената на хотелскиот оператор „Accor“ потона за 4 отсто, додека цените на „Air-France-KLM“ и на „British Airways“ се лизнаа меѓу 1,6 и 3 отсто. Под притисок се најдоа и акциите на произведувачите на луксузни стоки како „Swatch“ и „Richemont“, чија продажба исто така зависи од туризмот.

На азиските берзи, пај, цените на акциите во петокот утрото пораснаа, на MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 9,30 часот беше во плус од 0,4 отсто. Оваа седмица скокна за повеќе од 4 отсто, па го достигна највисокото ниво во последните осум месеци.

Позитивно на азиските пазари влијаеше податокот дека кинескиот бруто домашен производ (БДП) во вториот квартал пораснал за 6,7 отсто во однос на истиот лански период. Тоа е ист раст како и во претходното тримесечје и побрз во однос на 6,6 отсто, колку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Reuters.

Стабилизацијата на растот на втората според обемот светска економија, по повеќегодишното забавување, е благодарејќи на државната потрошувачка и другите поттикнувачки мерки на монетарните и фискалните власти.

На токиската берза, пак, индексот Nikkei во петокот утрото порасна за 0,7 отсто, на 16.497 поени. Во целата оваа седмица овој индекс скокна за 9,2 отсто, што е негов најголема неделна добивка од 2009 година.

Тоа е благодарение на слабеењето на јенот, бидејќи поради тоа производите на јапонските извозници стануваат ценовно конкурентни. Покрај тоа, премиерот Шинзо Абе најави нови фискални поттици, бидејќи третата светска економија не расте како што се очекуваше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП