13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина ја прифати понудата на италијанските железници за TrainOSE

Атина ја прифати понудата на италијанските железници за TrainOSE

ËÁÑÉÓÁ - ÔÑÁÉÍÁ (EUROKINISSI / ÌÁÍÔÆÉÁÑÇÓ ÊÙÓÔÁÓ)

Италијанската државна железничка компанија „Ferrovie dello Stato“ ќе го купи грчкиот железнички оператор „TrainOSE“, соопштува „Ројтерс“. Атина ја прифатила понудата во вредност од 45 милиони евра.

Италијанската компанија беше единствената која учествуваше во наддавањето во постапката за приватизација на железничкиот операторот. Продажбата беше побарана од кредиторите на Грција, потсетува весникот. Интересот сепак не беше голем и властите во Атина на три пати го продолжуваа крајниот рок за собирање на понуди.

„Ferrovie dello Stato“ е трет по големина железнички оператор во Европа. Очекувањата се компанијата да даде дел од своето знаење на грчкиот оператор.

Всушност Грција се обидува да го продаде железничкиот оператор од 2013-та година, па наваму. Со доаѓањето на Сириза на власт, сепак процесот на приватизација беше забавен.

Без продажба, „TrainOSE“ треба да врати 700 милиони евра државна помош, додава „Ројтерс“.

Железничките работници во Грција протестираат против приватизацијата на „TrainOSE“ и штрајкуваат веќе една недела, при што беа стопирани и меѓународните возови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП