22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо вториот квартал кинеската економија забележа раст од 6,7%

Во вториот квартал кинеската економија забележа раст од 6,7%

eko kina 3359

Кинескиот економски раст останува стабилен на ниво од 6,7% во вториот квартал, а рекордните стимулации во првиот квартал успеаја барем привремено да обезбедат стабилен раст на економијата, пишува „MarketWatch“.

Растот е над очекувањата на аналитичарите, откако прелиминарните податоци покажаа помалку производство, извоз и приватни инвестиции. Оваа статистика може да го олесни притисокот врз Пекинг и да доведе до неодамнешна примена на мерки за стимулирање на економијата, кои се покажаа неефективни при пад на економијата.

Студија на „Wall Street Journal“ меѓу 16 економисти предвиде 6,6% раст на бруто домашниот производ на Кина во периодот април-јуни.

На квартална основа БДП-то се проширува со 1,8 отсто, во однос на ревидираниот раст од 1,2 отсто за првиот квартал. Ова е најсилното проширување во последните три квартали.

Просечниот раст на БДП-то во Кина изнесува 9,82 отсто од 1989-та година до 2016-та година, а највисокиот е од 15,40 отсто кој е достигнат во првиот квартал од 1993-та година, а рекордно низок раст од 3,8 отсто е забележан во четвртиот квартал во 1990-та година.

Националниот институт за статистика од своја страна најави покачување на индустриското производство за 6,2% во јуни во однос на една година порано, што е за 0,2% повеќе во однос пријавениот раст од 6% во мај.


source: tradingeconomics.com

Во исто време инвестициите во фиксни средства се зголемуваат со 9% на годишна основа во периодот од јануари до јуни во споредба со растот од 9,6% во првите пет месеци од годината.

Продажбата на мало се зголеми за 10,6% во шестиот месец од годината во споредба со една година порано, што е пораст во однос на растот од 10% во мај.

Во индустриската продукција и трговијата податоците се подобри од очекуваното, додека инвестициите не успеаја да одговорат на прогнозите.

Кинеското Министерство за финансии соопшти дека владините трошоци се зголемени за 19,9% на годишна основа во јуни во споредба со растот од 17,6% во мај.

Но тоа изгледа не е во состојба да се спротивстави на множеството ефекти од кризата, кои влијаеа на втората по големина економија во светот, зголемувајќи ги стравувањата дека Кина може да не успее да ја постигне посакуваната цел за раст меѓу 6,5 и 7% во 2016-та година, трета година по ред.

Сепак според Динг Шуанг, економист во „Standard Chartered Bank“, овие податоци покажуваат дека економијата е стабилна во општи линии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП