8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во фокусот на инвеститорите

Банките во фокусот на инвеститорите

македонска-берза

На Македонската берза во тргувањето во четвртокот инвеститорите беа претежно фокусирани на банките, па така акциите на НЛБ банка и Комерцијална банка остварија промет од над милион денари.

Конкретно, со акцијата на НЛБ банка се истргуваа 162 лотови по цена од 6.852,47 (+0,045), додека кај Комерцијална се истргуваа 501 лотови по цена од 2.299,80 денари (+0,48). Воедно, овие две акции беа единствените кои остварија промет од над милион денари.

Најголем поединечен раст оствари акцијата на Уни банка (+9,27%) со истргувани 60 лотови по цена од 613 денари, а следна на листата победници беа акциите на Гранит +2,36% и Топлификација +1,18%.

Кај обврзниците очекувано повторно најтргувана беше РМДЕН15 со 240.425 лотови по цена од 92,50% и раст од 0,43%, додека РМДЕН14 се тргуваше во обем од 1,2 милиони денари.

Индексот МБИ10 и вчера беше во „зелена територија” за минимални 0,02 (1.813,03 индексни поени), додека индексот ОМБ порасна за 0,11%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП