21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоцијалната помош зголемена за пет отсто

Социјалната помош зголемена за пет отсто

ministerstvo

Од четвртокот на сметките на граѓаните кои примаат социјална помош е исплатено ветеното зголемување од пет отсто, а средствата во износ од 59 милиони денари се веќе обезбедени и со ова зголемување досегашното зголемување од 2006 година изнесува вкупно 70 отсто, известуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Информацијата претходно ја објави министериот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој во четвртокот престојуваше во посетата на Кочани и на тамошниот реновиоран Центар за социјални работи.

Спасов најави и дека до крајот на јули ќе биде исплатена и ветената постојана парична помош со зголемување од пет проценти средства во висина од 17 милиони денари, обезбедени од Буџетот.

Притоа, истакна дека во рамките на владините напори за грижа и за другите ранливи категории граѓани, за пензионерите во декември со ноемвриската пензија ќе биде исплатено ветеното зголемување на пензиите, исто така, за пет отсто.

Во рамките на ангажманот на Министерството во следниот период ќе бидат реновирани вкупно 28 објекти во државата, од кои 18 центри за социјална работа и 10 центри за дневен престој на деца со пречки во развојот, за што ќе бидат искористени средства во износ од милион евра, од кои 800 илјади евра се од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП