23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците продолжуваат да не ризикуваат

Германците продолжуваат да не ризикуваат

germanska kesa

И покрај ниските камати, богатството на Германците се покачува до крајот на 2015-та година до рекордно ниво.

Во однос на претходната година тоа отскокнување е речиси 5% до 5,3 илјади милијарди евра, станува јасно од извештајот на Федералната асоцијација на германските банки (Federal Association of German Banks, или BdB).

Штедачите во федералната република продолжуваат да се срамежливи кон ризикот, пренесува „Ројтерс“. Причината за овој заклучок се крие во фактот дека поголемиот дел од финансиските средства (2 илјади милијарди евра) се од средствата во осигурувањето на живот, пензиските фондови и други пензиски фондови.

Околу 1,9 илјади милијарди евра Германците ги собираат соодветно во штедни, неопределено временски и определено временски сметки, кои едвај имаат камати.

Средствата во акции изнесуваат само 342 милијарди евра, што претставува зголемување од 10 отсто во однос на 2014-та година, благодарение пред се на растот на цените на акциите.

Уделот на средствата во акции од вкупниот износ на финансиската благосостојба на домаќинствата, сепак не се менува и останува на ниво од 6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП