25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Англија ги остави без промена каматните стапки

Централната банка на Англија ги остави без промена каматните стапки

bank of england 335

Централната банка на Англија ги изненади пазарите, оставајќи ги каматните стапки без промена на денешната средба, иако пред тоа гувернерот Марк Карни даде индикации дека претстои олеснување на монетарната политика.

Пазарите очекуваа намалување на основната каматна стапка за 25 базични поени, до 0,25%, што ќе беше првата промена од 2009-та година.

Наместо тоа, Комисијата за монетарна политика на банката гласаше со мнозинство за задржување на нивото на основната каматна стапка на 0,5%, како и за тоа да не се зголемува големината на програмата за квантитативно олеснување со вредност од 375 милијарди фунти (501.2 милијарди долари).

Само еден од членовите на комисијата гласал за намалување на каматната стапка за 25 базични поени.

По излегувањето на одлуката на банката, фунтата забележа скок до двонеделениот максимум од 1.3480 во однос на доларот, додека индексот „FTSE 100“ ограничи дел од својот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП