27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриени четири случаи на болеста јазлеста кожа во општините Дебар и Центар...

Откриени четири случаи на болеста јазлеста кожа во општините Дебар и Центар Жупа

stocari 2948

Ветеринарните станици во Дебар во четвртокот информираа дека во општините Дебар и Центар Жупа се откриени четири случаи на болест на јазлеста кожа кај крави.

Ветеринарот Максут Крлуки изјави дека кај две крави во селото Горно Косоврасти и по една крава во селата Горенци и Отишани е откриена болеста јазлеста кожа, при што кравите се уништени и се закопани во одредени јами . За состојбата се информирани и надлежните инспекциски служби.

Крлуки рече дека првичните информации говорат дека нивната болест е пренесена преку заразни инсекти.

Инаку ветеринарните станици соопштија дека над 95 отсто од кравите се веќе вакцинирани против болеста јазлеста кожа.

Во меѓувреме, албанските медиуми но и ветеринарите во Дебар информираат дека во повеќе села од Албанија кои се во близина на границата со Македонија кај Дебар болеста јазлеста кожа е присутна подолг период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП