Американската економија изминатите седмици продолжува да расте со скромно темпо. Иако постојат сигнали за забавување на личната потрошувачка, соопшти американската централна банка, Федерални резерви (Фед).
„Економската активност продолжи да расте со скромно темпо во сите региони“, се наведува во најновиот извештај на Фед, со кој е покриен периодот од средината на мај до крајот на јуни.
Извештајот, настанат врз основа на собрани информации од компаниите и другите контакти надвор од централната банка, укажа на генерално здрава и стабилна слика на американската економија во пресрет на состанокот на Фед кон крајот на јули.
Повеќето од 12-те региони пријавиле пад на продажбата на автомобили, додека трговците пријавиле различни податоци околу продажбата.
„Условите на пазарот на труд остана стабилни бидејќи вработувањето продолжи да расте со скромно темпо од објавувањето на претходниот извештај“, се додава во извештајот на Фед.
Во извештајот е укажано и на неколку посветли точки во најголемата светска економија, како што се преработувачката индустрија која евидентираше подобрување во сите области, додека пазарот на недвижнини продолжи да јакне.
Следниот состанок на Фед е на 26 и 27 јули, а се очекува дека та институција ќе ја задржи референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво меѓу 0,25-0,5 отсто заради неизвесните перспективи за растот на американската економија ова година.