
Општина Центар комплетно ги реконструираше детските игралишта во четири сегменти на Градски Ѕид.


Општина Центар комплетно ги реконструираше детските игралишта во четири сегменти на Градски Ѕид.
Платформите се врзани меѓу себе со мостови и скалила, а лизгалките се со различна големина, во зависност од возраста на децата. Игралишта се изведени со гумени подови, кои воедно се хигиенски и лесно се чистат.
Игралиштата се поставени во блок бр. 5 – Индијанско маало, блок бр.4 – зад “Просветно дело“, блок бр.3 – зад хотел “Бристол“, во близина на ООУ “Гоце Делчев“ и блок бр.2 – зад “Автомакедонија“. Поставена и дополнителна урбана опрема – клупи и канти за отпадоци.
Наредни игралишта кои ќе добијат нови реквизити, современ под и ќе бидат во весели детски бои се игралиштата во Пролет, на улицата “Цицо Поповиќ“ и кај Т.Ц. “Зебра“ во Капиштец.