11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Кнауф“ од Дебар прогласена за една од шесте најдобри фабрики на Кнауф...

„Кнауф“ од Дебар прогласена за една од шесте најдобри фабрики на Кнауф во светот

knauf-debar

Фабриката за гипс и гипсени префабрикати „Кнауф“ во Дебар, која е една од 105-те фабрики на австриското семејство Кнауф во светот, минатата година на два пати е прогласена на една од шесте најдобри фабрики на Кнауф во светот.

Оваа одлука на Управниот Борд во Дебар ја соопшти Бетриче Петер Кнауф, директорка на фабриките на Кнауф во светот. Таа нагласи дека фабриката на Кнауф во Македонија е по приватизацијата во деведесеттите години пример за многу други фабрики во светот.

Директорот на Кнауф за Југозападна Европа, Тодор Деловски на свеченоста во фабриката на Кнауф во Дебар рече дека Управниот борд е многу задоволен од работата на дебарската фабрика која е одличен пример за квалитетна работа.

Градоначалникот на Дебар Ружди Лата на свеченоста на која присуствуваа и претставници на Кнауф од Косово, Албанија и други земји од регионот нагласи дека Кнауф и Дебарски бањи Цапа се два главни столбови на дебарското стопанство.

„Локалната власт е обврзана да создава услови за непречена активност на овие две компании кои се од големо значење за Дебар“, рече Лата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП