7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува фестивалот на пивото и на скарата „Пивофест 2016“

Почнува фестивалот на пивото и на скарата „Пивофест 2016“

pivofest pp 333

Романската група „Флај проџект“ (Fly Project), заедно со домаќините Марјана Станојковска и Жарко Димитриоски, со првата прес-конференција го означија почетокот на овогодинешниот фестивал на пивото и на скарата „Пивофест 2016“.

„Можете да оцените колку една земја е добра по храната и по кафето, а вашите храна и кафе се просто неверојатни“, изјави Тудор Јонеску од „Флај проџект“, додавајќи дека со нетрпение го очекува настапот вечер.

Во следните четири дена, од денеска 14-ти до недела 17-ти јули, Прилеп ќе дише во знакот на најголемиот фестивал од овој тип на Балканот.

Штандовите се поставени и подготвени, а скарите се загреваат уште од утрово. Се очекува во градот да пристигнат околу 400.000 гости, но градот и годинава е подготвен се да тече во најдобар ред.

Сите сместувачки капацитети во градот веќе одамна се резевирани и пополнети, а кревет плус се бара и во околните градови како Крушево и Битола. Поради огромната побарувачка, пуштен во употреба е и ученичкиот дом „Орде Чопела“, во кој единствено има место за сместување.

Гужва е и на Moгилата на непобедените, каде годинава има повеќе шатори од било кога. Првите гости во бесплатниот камп ги зацврстија своите шатори уште во средата, а вечерта со своја забава до доцна во ноќта ja прогласија авантурата за отворена.

Покрај гостите од Романија, вечерва на големата бина во центарот на Прилеп ќе настапат и познатите локални џезери „Кросроуд бенд“ (Crossroad Blues Band) реге бендот „Рафаел“ ( Raphael), како и „Тропико Бенд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП