28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна реконструкцијата на улицата Народни херои во Кисела Вода

Почна реконструкцијата на улицата Народни херои во Кисела Вода

народни-херои

Почна реконструкцијата на коловозот и на тротоарот на улицата “Народни херои”, во Кисела Вода.

Градот Скопје ќе ја изведува реконструкцијата на потегот од крстосницата со улицата “Димо Хаџи Димов” до крстосницата со улицата “Христо Татарчев”, во должина од 416 метри. Ќе биде опфатена и крстосницата на улицата “Народни херои” со улицата “Христо Татарчев”.

„Ќе се извади целокупниот асфалтен слој, постелката долу ќе се обнови, со оглед на тоа што долниот слој под асфалтот не е стабилен, значи ќе се стабилизира. Значи, ќе мора да се вади целиот асфалт, за разлика од други места каде што само гребевме и стававме нов слој. Овде ќе има малку поголема и подлабока реконструкција . Исто така ќе бидат обновени тротоарите од двете страни“, наведе скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ наведе дека реконструкцијата на “Народни херои” е уште еден од низата заеднички проекти кои градот Скопје ги изведува во оваа општина.

Градот Скопје во наредниот период планира да обнови уште 400 метри од улицата Народни херои, се до вкрстувањето со булеварот Борис Трајковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП