2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на словенечкото Twingo паднала за 20 отсто

Продажбата на словенечкото Twingo паднала за 20 отсто

твингуле

Продажбата на моделот Twingo, што се произведува во словенечката фабрика на Рено, Ревоз, во првите четири месеца доживеа значителен пад на продажбата од 20 отсто и тоа во класата на автомобили во која конкуренцијата расте.

Twingo и покрај успешната продажба во Франција(43 отсто оди на овој пазар) не може да ги надомести загубите на другите пазари. Затоа на листата десет најпродавани мали автомобили во однос на минатата година падна од четврто на пето место.

Ревоз минатата година го зголеми производството за десет отсто, на 129.400 возила, што е само 61 отсто од производството на возила во тоа претпријатие во однос на 2009 година. Речиси сите приходи, 99 отсто, ги остваруваат на странските пазари, а минатата година се зголемени 38 отсто.

Дали овогодишниот пад на продажбата на Twingo , без оглед на тоа што во Ново Место се произведува и поскапиот модел Smart, но во далеку помал број, ги загрозува овогодишните приходи на Ревоз, прашува словенечкиот економски дневен весник Finance.

Во Ревоз сепак проценуваат дека на крајот на годината бројот на произведени возила ќе биде на сличното ниво како и претходната година. Смалување на обемот на производство не е во план. Следната година, кога фабриката ќе работи во најмалку две и пол смени, очекуваат раст на производството и продажбата.

Се очекува во Ново Место следната година да почне да се произведува и моделот на Рено, Clio.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП