2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата на најниско ниво од средината на декември

Цените на нафтата на најниско ниво од средината на декември

nafta11

Цените на нафтата на светскиот пазар се во опаѓање, тие се на најниското ниво од средината на декември бидејќи податоците за слабиот економски раст предизвикаа загриженост во врска со силата на светската економија. Во Њујорк цената на суровата нафта е помала за 2,32 долари и сега изнесува 88,97 долари за барел.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ се намали за 1,71 долари и сега изнесува 101,33 долари за барел.

Слабиот економски раст на Кина, извештаите за слабите економски податоци од Кина, како и помалата побарувачка за нафта и деривати од Европа влијаеа на падот на „црното злато“.

Кинеската економија, која е втора по големина во светот, во текот на првите три месеци од оваа година забележа полоши економски резултати отколку што очекуваа многу аналитичари.

Во кварталот од јануари до март, економскиот раст бил 7,7 проценти, што преставува пад во однос на 7,9 проценти.

Аналитичарите предвидуваа дека кинеската економија ќе забележи раст од речиси осум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП