11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Нинтендо скокнаа под влијание на играта Pokemon Go

Акциите на Нинтендо скокнаа под влијание на играта Pokemon Go

nin 99

Вредноста на акциите на јапонската компанија Нинтендо скокна речиси 16 отсто во четврток на берзата во Токио, поттикнати од феноменот предизвикан по лансирањето на играта Pokemon Go.

Вредноста на акциите на Нинтендо го заврши денот на 25.300 јени, што е раст од 15,89 отсто, а во текот на дневното тргување во еден момент порасна и 19 отсто.

Со тоа вредноста на акциите на Нинтендо вкупно се зголеми за 76 отсто од средата на 6 јули, непосредно пред лансирањето на играта Pokemon Go во три земји, САД, Австралија и Нов Зеланд.

Од тој момент светот ‘полуде’ трагајќи по ‘џебните чудовишта’.

Иако Нинтендо не ја разви играта, туку само пружа поддршка на својата филијала Pokemon Company и на студиото Niatik, инвеститорите сметаат дека светската популарност на играта ќе го поттикне Нинтендо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП