1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит нови рекорди, тргувањето претпазливо

На Волстрит нови рекорди, тргувањето претпазливо

image-volstrit

На Волстрит во средата, како и на главните европски берзи, се тргуваше претпазливо, бидејќи вложувачите се воздржани пред објавувањето на новите деловни резултати на компаниите, но индексите S&P 500 и Dow Jones сепак достигнаа нови највисоки нивоа во историјата.

И на европските берзи во средата се тргуваше претпазливо. Лондонскиот FTSE ослабе за 0,15 отсто, на 670 поени, а франкфуртскиот индекс DAX индекс падна за 0,33 проценти, на 9.930 поени, додека парискиот индекс CAC зајакна за 0,09 отсто, на 4.335 поени.

Во Њујорк, пак, во средата индексот Dow Jones зајакна за 0,13 отсто, на 18.372 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,01 процент, на 2.152 поени, додека Nasdaq индексот ослабе за 0,34 отсто, на 5.005 индексни поени.

По три дена силен раст на цените на акциите, пазарите во средата се примирија, додека вложувачите ги чекаат новите макроекономски показатели и кварталните деловни резултати на компаниите.

Ви анкетата Reuters аналитичарите проценуваат дека заработките на компаниите од составот на S&P 500 индексот во вториот квартал паднале за 5 отсто во однос на истиот период лани, веќе четврто тримесечје по ред. Меѓутоа, инвеститорите се надеваат на изненадувања, кои би го поддржале натамошниот раст на цените на акциите.

Позитивно на пазарите влијаеше и уверувањето дека американската централна бака поради нарушувањата на пазарите по одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ нема во оваа година да ги зголемува каматните стапки, додека другите најголеми централни банки во светот наскоро може да ја олабават монетарната политика.

На внимателноста на вложувачите укажува и потпросечниот обем на тргување. На американските берзи сопствениците во средата ги заменија 6,5 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 7,86 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП