4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБалтичките земји просечни, Холандија забележа најголем пад

Балтичките земји просечни, Холандија забележа најголем пад

pari-evra-evri-evro-gleda

Индустриското производство во еврозоната во месец мај, на месечно ниво, падна за 1,2 проценти, по ревидираниот раст од 1,4 проценти во април, покажуваат податоците на Евростат.

Објаснувајќи го падот на производството, Евростат укажа на намалување на производството на енергенти од 4,3 проценти, капитална стока од 2,3 проценти и трајна потрошувачка стока од 1,4 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

На годишно ниво, индустриското производство во еврозоната во мај порасна за 0,5 проценти, а во целокупната Европска унија за 1,1 проценти.

Во ЕУ, индустриското произвдство во мај, на месечно ниво, падна за 1,1 проценти, по растот од 1,5 процети во април.

Најголем пад во еврозоната во мај регистрирало холандското индустриско производство (од 7,8 проценти), потоа следи Португалија (4,4 проценти) и Грција (4,3 проценти), додека балтичките земји, како Литванија и Летонија, евидентирале раст на производството од 3,9 проценти, односно 2,4 проценти.

„Падот на индустриското производство на месечно ниво најверојатно ќе го намали растот на БДП на еврозоната во вториот квартал. Генералната слабост која може да се воочи во денешниот извештај покажува дека индустријата на еврозоната има потешкотии во „фаќањето на замав“, се наведува во извештајот на истражувачката компанија Capital Economics.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП