2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште 8,8 милијарди евра за јакнење на грчката економија

Уште 8,8 милијарди евра за јакнење на грчката економија

atina1

Претставниците на меѓународните кредитори и властите на Грција постигнаа договор за одобрување на кредит од 8,8 милијарди евра за зајакнување на грчката економија.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека преговорите кои траеа еден месец успешно се завршени со договор, пренесуваат грчките медиуми.

Европската „тројка“ кредитори, составена од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, за одобрување на кредитот, побараа докапитализација на грчките банки и намалување на службениците во јавниот сектор.

Со властите во Атина, беше договорено до крајот на оваа година да бидат отпуштени уште 4.000 државни службеници и уште 11.000 во текот на 2014 година.

Според условите кои Атина ги договори минатата година, бројот на работници во јавниот сектор треба да биде намален за 25.000 во оваа, односно за 150.000 до крајот на 2015 година.

Гувернерот на Централната банка на Грција, Јоргос Правопулос, на почетокот на овој месец изјави дека најголемите четири банки, Националната банка на Грција, Еуробанк, Пиреус и Алфа банка, до крајот на месецот треба да ја завршат програмата за докапитализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП