17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо реконструкција ќе се врати автентичноста на конаците на манастирот Трескавец

Со реконструкција ќе се врати автентичноста на конаците на манастирот Трескавец

треска

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески во средата го посетија манастирот Трескавец и се запознаа со тековните градежни активности, односно обновувањето на опожарените манастриски конаци.

Министерката Канческа-Милевска во својата изјава посочи дека интензивно се работи на обнова на опожарените конаци кои ќе се обновуваат според изготвениот проект и треба да ја задржат автентичноста.

Според градоначалникот Марјан Ристески, манастирот Трескавец со изградбата на новите конаци се повеќе ќе го зголеми културниот и манастирскиот туризам.

Претставниците од белградската фирмата „Кото инженеринг“ посочија дека имаат големо искуство во реставраторско-конзерваторски работи, обнова на манастири, соработувала и со УНЕСКО и ЕУ.

„Проектот е работен за да се врати автентичноста на самиот манастир, не она што луѓето го паметат пред пожарот, туку според автентична слика на конаците од најстарите фотографии. Најстарата фотографија е од 1846 година на која се сликани прилепските еснафи“, посочи монахот Калист.

Конаците на „Трескавец“ кои изгореа во пожарот на 4-ти февруари 2013 година треба да бидат целосно обновени до 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП