13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Турција ќе разговараат за економската соработка на крајот на јули

Русија и Турција ќе разговараат за економската соработка на крајот на јули

tur rusija 33

Русија и Турција брзо ги нормализираат односите и на 27-ми јули се планира посетата на министерот за економија на Турција Нихат Зеибекчи на Москва. Тој ќе разговара со рускиот колега Алексеј Улјукаев, соопштува „ТАСС“.

Двете земји ги прекинаа односите во економската област, откако турските военовоздухопловни сили соборија руски воен авион. На крајот од минатиот месец турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се извини за инцидентот и оттогаш односите меѓу двете земји се враќаат во нормала.

Претседателот на Русија Владимир Путин веќе и нареди на владата да преземе мерки за нормализирање на ситуацијата.

Еден од првите сектори во турската економија, кој веќе гледа промена во односите, е туризмот. Во текот на викендот во Анталија пристигна првата група руски туристи за оваа година. Се очекува да бидат вратени и чартер летовите меѓу Русија и Турција.

Од коментарите на властите досега не станува јасно за какви проекти ќе разговараат двајцата министри.

Првата билатерална средба меѓу Русија и Турција на министерско ниво беше спроведена на 1-ви јули. Во Москва разговараа министрите за надворешни работи на двете земји – Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу. Двајцата се согласија да се обнови работната група за борба против тероризмот и заеднички операции во Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП