9 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата стабилизирани близу 48 долари

Цените на нафтата стабилизирани близу 48 долари

nafta 56

Цените на нафтата се стабилизираа во среда на меѓународните берзи близу нивото од 48 долари, откако меѓународната агенција за енергија (МАЕ) предупреди дека прекумерното снабдување и натаму ги притиска цените, а новите податоци покажа неочекуван раст на резервите на сурова нафта во САД.

На лондонската берза цената на барелот сурова нафта падна 76 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 47,71 долар. Вчера го заклучи тргувањето во плус 2,22 долара. На американската берза барелот денес се тргуваше по 60 центи пониска цена, од 46,2 долари. Вчера го заклучи тргувањето во плус 2,04 долари.

Пазарите во вторник попладне беа погодени од бран купувања со кои трговците ги полнеа испразнетите позиции и техничкото закрепнување. Растот донекаде го подзапре неочекуваниот податок на Американскиот институт за нафта за растот на резервите на нафта и нафтени деривати во САД минатата недела за 2,2 милиони барели.

Денеска фокусот на пазарите е пренасочен на извештајот на МАЕ во кој се вели дека резервите на сурова нафта повторно пораснале во јуни, па резервите складирани на танкери го достигнаа највисокото ниво во седум години. Тие складишни капацитети спаѓаат инаку меѓу најскапите, напомнува Reuters.

МАЕ паралелно ја зголеми проценката за раст на побарувачката за нафта во оваа и следната година за 100 илјади барели дневно, на 1,4 милиони, односно 1,3 милиони барели дневно.

Сопирачка беше и појакиот долар, што ја задушува побарувачката по имот чии цени се искажани во американската валута бидејќи ја намалува куповната моќ на имателите на останати валути.

Во одвоен извештај. Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК соопшти дека референтната цена на барел на нејзината нафта во вторник изнесувала 43,22 долари, што значи дека паднала за 1,01 долар во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП