20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебарското езеро порибено со автохтона риба

Дебарското езеро порибено со автохтона риба

дебарцани

Дебарското езеро во средата е порибено со 50 илјади парчиња автохтона риба.

Порибувањето го следеше и директорот на Инспекторатот при Министерството за земјоделство Цветан Трипуновски, кој нагласи дека порибувањето е во согласност со Договорот за Концесија кој е потпишан помеѓу Министерството за земјоделие и Концесионерот на Дебарското езеро „Охридска Риба“.

Трипуновски истакна дека порибувањето во текот на календарските години се врши во фази, и до сега не се евидентирани проблеми околу правата и обврските кои произлегуваат од Договорот. Во врска со заштитата на рибниот фонд во Дебарското езеро, тој истакна дека се вршат редовни контроли од страна на инспекциските служби и не се регистрирани проблеми.

Концесионерот на Дебарското езеро Пепи Винца по порибувањето истакна дека ловењето на риба се врши во согласност со предвидените количини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП