2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечкиот министер за финансии неочекувано поднесе оставка

Словенечкиот министер за финансии неочекувано поднесе оставка

dusan mramor 333

Словенечкиот министер за финансии Душан Мрамор во среда неочекувано поднесе неотповиклива оставка заради приватни причини, која премиерот Миро Церар веќе ја прифати и за тоа го извести парламентот.

Мрамор на прес конференција рече дека оставката е мотивирана од лични причини и дека сака да ја продолжи својата универзитетска кариера како професор по економија на љубљанскиот Економски факултет.

Како најголем резултат во својот двегодишен мандат го истакна намалувањето на буџетскиот дефицит и излегувањето на Словенија од механизмот на јавно-финансискиот дефицит што Европската комисија го потврди минатиот месец. Со тоа Словенија ја врати својата финансиска сувереност“, рече Мрамор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП