13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстриската влада го намалува банкарскиот данок

Австриската влада го намалува банкарскиот данок

австр

Австриската влада во вторник усвои одлука за намалување на банкарскиот данок за да ја поткрепи ликвидноста и профитабилноста на кредиторите, за да ги избегне проблемите што во моментот ги мачат банките во соседна Италија.

Така во иднина банките во буџетот на име на тој данок годишно ќе уплатуваат околу 100 милиони евра, објави во вторник на прес конференција австрискиот канцелар Кристијан Керн. Моментално уплатуваат пет до шест пати повеќе.

Во рамки на измените на системот на оданочување банките сепак еднократно во буџетот ќе уплатат околу милијарда евра, што владата планира да го потроши на образование, истражување и инфраструктура, наведува Reuters.

Австрија со измените ќе го следи примерот на Германија и следната година ќе воведе данок на добивка, а не на активата на банките како што сега е случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП