17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОдржувањето на пријателствата надвор од канцеларијата е многу важно за успехот

Одржувањето на пријателствата надвор од канцеларијата е многу важно за успехот

make-friends-ambitious-people

Сосема е нормално да имате пријатели надвор од работното место. Но понекогаш луѓето кои и се многу посветени на работата се одалечуваат од тие пријатели. Сепак, изгледа дека одржувањето на пријателствата надвор од канцеларијата е многу важно за успехот.

Моќта на пријателството

Пријателството им помага на луѓето да донесат подобри одлуки размислувајќи за проблемите заедно. Пријателите го будат најдоброто во својот пријател. Пријателството се темели на взаемно почитување и реципроцитет, па луѓето подобро се чувствуваат знаејќи дека имаат почит од својот пријател.

А според едно неодамнешно истражување, пријателите се многу важни ако сакате да бидете успешни во работата.

Повеќето од нас поминуваат многу време трудејќи се да напредуваат во работата, хобито или во училиштето. Сепак, ова истражување дојде до заклучок дека некои од најважните настани во нашиот живот се социјалните настани, моментите на поврзаност со другите и моментите кога чувствуваме дека тие се поврзани со нас – вели д-р. Шира Габриел.

Можете да бидете добри пријатели и со колегите на работа, но тука секогаш ќе се чувствува натпреварувачкиот дух меѓу вас. Најдобрите пријатели можете да ги имате надвор од работното место.

Пријател – ментор

Покрај пријателите надвор од работа, претприемачите би требало да побараат и ментор. А односот со менторот често знае да прерасне во пријателство.

Здравите пријателства на возрасните луѓе имаат елементи на взаемно менторство. Кога на некој му е потребен совет, пријателите се добар извор на мудрости. Сепак, тоа се случува ретко, па менторот е добар избор за оние кои се нови во работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП