Грчката државна енергетска компанија „PPC“ објави меѓународен тендер во потрага по купувач за 24% од капиталот на електроенергетскиот оператор „ADMIE“. Барањето на стратешки инвеститор е дел од барањата на доверителите на Грција, пренесува „Екатимерини“.
Целта е да се намали државниот монопол во грчката енергетика. Во моментов пазарниот удел на „PPC“ е 92%. Доверителите на земјата сепак очекуваат тој да се намали до 50% во 2020-та година.
Одлуката за продажба на делот од системскиот оператор беше одобрен на состанокот на акционерите во компанијата што се одржа во почетокот на неделата.
„Ројтерс“ додава дека „PPC“ ќе очекува оние кои сакаат да учествуваат во постапката да го изразат својот интерес до 26-ти јули. Изборот на инвеститор ќе биде направен до 31-ви октомври врз основа на поднесените понуди. Очекувањата се зделката да биде финализирана на почетокот на 2017-та година.
Финансиски посредници во постапката ќе бидат „HSBC“, „Citigroup“ и „NBG Securities“.
Грчкиот министер за енергија Панос Скурлетис веќе коментираа дека три компании се интересирале за купување на удел од „ADMIE“.