27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на глобалната економија, пад на европската

Раст на глобалната економија, пад на европската

globalnaekonomija1

Нема закрепнување на европската економија, но глобалната економија, сепак, ќе расте годинава, покажа истражувањето кое го спроведе Ројтерс помеѓу 400 економисти во светот.

Најкритично е друштвото во кое ние сакаме да влеземе – ЕУ. За позитивата и глобалниот раст се заслужни земјите како Кина, Бразил, Индија и Русија. И во САД состојбата е подобра, а причините ги анализира економскиот експерт Густе Сантини.

-САД преку интервенционизам постигнува некои резултати, дури и во некои елементи може да се каже дека тие се откажуваат од неолиберализмот и ги враќаат работните места во САД, објаснува Сантини, додавајќи дека тоа во Европа не е случај.

-Јас не гледам некој кој може да роди нови размислувања и кој ќе ја доведе во прашање постоечката политика, истакна Сантини.

-Не постои општа глобална криза, туку криза во Европа, и тоа не поради сите, туку поради земјите кои имаат лоша влада, изјави тој.

А според прогнозата на Ројтерс, глобалната економија ќе се зголеми за 3,2 проценти, Во исто време, еврозоната ќе забележи пад во 2013 година од 0,4 проценти. Овие резултати се доволни и покажуваат дека презадолжените земји не ги дадоа посакуваните резултати, а ваквите последици претставуваат ризик за монетарната унија.

-Без сериозно реструктуирање и редефинирање на целокупниот концепт, нема решение. Освен тоа, во еврозоната се покажа, дека еврото како критериум во оваа фаза на развој на одделни земји, всушност не функционира. Ние сме сведоци на доста интересни настани, истакна Сантини.

Одговор за растечката и рекордна невработеност сеуште нема, а не постои ни консензус – некои сакаат да трошат повеќе, а некои сакаат да штедат. Од ММФ, сепак, порачуваат дека закрепнувањето е тука, но тоа ќе биде долго, несигурно и нерамномерно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП