22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен новиот конкурс на МО за идни пилоти во АРМ

Објавен новиот конкурс на МО за идни пилоти во АРМ

мо-пилоти

Министерството за одбрана на Република Македонија во средата го објави новиот конкурс за идни пилоти во Армијата на Република Македонија.

Ги повикуваме сите млади лица до 27 годишна возраст, кои ги исполнуваат општите и посебните критериуми и кои имаат силна мотивираност да бидат дел од воздухопловните сили на Армијата на Република Македонија, да се пријават на Конкурсот, соопштуваат од Министерството за одбрана.

Идните потенцијални пилоти ќе имаат можност да се обучуваат во Центарот за обука на пилоти од високо квалификувани професионалци од Израел и Македонија, додаваат од МО.

Сите подетални информации во однос на Конкурсот може да се пронајдат на веб страната на Министерството за одбрана www.morm.gov.mk и на веб страната на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје www.ma.edu.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП