17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на вредноста на акциите на европските берзи

Раст на вредноста на акциите на европските берзи

berza frank53

Цените на акциите на европските берзи во вторник зајакнаа четврт ден по ред бидејќи инвеститорите беа нешто понаклонети да преземат ризични инвестиции, а меѓу најголемите добитници беа акциите на автомобилскиот и банкарскиот сектор.

Лондонскиот индекс FTSE ослабе 0,03 отсто, на 6.680 бодови, но франкфуртски DAX зајакна 1,33 отсто на 9.964 бодови, а париски CAC 1,57 отсто, на 4.331 бодови.

Секторите како автомобилскиот и банкарскиот, обично чувствителни на расположението на инвеститорите кон ризични инвестиции, беа најголеми добитници.

Во автомобилскиот сектор акциите просечно зајакнале 2,7 отсто, а во банкарскиот 1,1 отсто.

Од поединечните добитници во автомобилската индустрија се издвојува Daimler, со скок на цената на акциите од 4,1 отсто, откако информираше за резултатите од работењето во второто тромесечје, кои биле подобри од очекувањата на пазарот.

Во банкарскиот сектор со најголема добивка беше акцијата на UniCredit, со скок на цената од 6,8 отсто откако продаде десет отсто од уделот во својата онлајн брокерска компанија FinecoBank, по цена од 5,4 евра по акција, со што заработи 328 милиони евра.

За поголем интерес на инвеститорите за акции придонесе и скокот на главниот индекс Nikkei на берзата во Токио за три отсто, бидејќи инвеститорите се надеваат дека јапонската влада ќе ја поддржи економијата со нов пакет мерки за поттикнување.

Од друга страна, дефанзивните сектори, во кои акциите обично јакнат во нестабилни времиња за економијата, се најдоа под притисок на денешното тргување. Најголеми поединечни сектори загубари беа фармацевтскиот и комуналниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП