29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Решението за италијанската банкарска криза може да се најде во рамките...

Меркел: Решението за италијанската банкарска криза може да се најде во рамките на постоечките правила

mrkel-mateo

Прагматичното решение за италијанската банкарска криза може да се најде во рамките на постоечките правила, оценила германската канцеларка Ангела Меркел, пренесуваат светските агенции.

„Во тек се интензивни преговори меѓу владата на италијанскиот премиер Матео Ренци и Европската комисија, а европските министри за финансии исто така расправаа во однос на ова прашање“, рекла Меркел во Берлин.

Таа исто така изразила оптимизам во поглед на решавањето на италијанската банкарска криза, додавајќи дека не очекува развој на никаква криза, пренесуваат агенциите. Нејзините коментари влијаеле на растот на акциите на италијанските банки, при што акциите на италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ пораснале дури шест проценти во тргувањето на миланската берза.

Официјален Рим, како што наведува Bloomberg, настојува да му помогне на банкарскиот сектор оптоварен со лоши кредити, а да не ги прекрши прописите на ЕУ за државната помош. Италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан рекол дека неговата влада размислува за имплементација на мерките кои ќе ја зголемат довербата на пазарот.

„Мерките за претпазливост означуваат нешто што се користи само во итни случаи. Целта е доколку биде потребно, но мислам дека тоа нема да биде случај, да ги поддржиме пазарните операции кои веќе се започнати за да се заштитат заштедите“, рекол Падоан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП