3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во Јапонија се намалува со брзо темпо

Индустриското производство во Јапонија се намалува со брзо темпо

projapan

Индустриското производство во Јапонија се намалува со 2,6% на месечна основа во мај и така го забележа најостриот пад од февруари, па наваму, објави „WBPonline“, повикувајќи се на второто и финално претставување на податоците од Министерството за економија, трговија и индустрија.

Очекувањата беа за пад од 2,2%, а прелиминарните податоци од крајот на јуни покажаа пад од 2,3 отсто.

Резултатите го зголемуваат притисокот врз Владата во Токио да воведе уште стимулации за економијата, откако коалицијата на премиерот Шинзо Абе ги освои делумните парламентарни избори во текот на викендот и си обезбеди стабилно мнозинство.

Со падот на индустриското производство се претпоставува дека побарувачката за извоз продолжува да се намалува, што делумно може да се објасни со поскапувањето на јенот од почетокот на годината и со слабата активност во трговските партнери на Јапонија.

Во првото тримесечје од 2016-та година јапонската економија се прошири за 0,5% на квартална основа, а потрошувачката на домаќинствата беше главниот двигател на растот.

Слабото индустриско производство значи дека нивото на постоечките иницијативи не охрабрува доволно за обновата на побарувачката. Затоа се очекуваат институциите во Токио да преземат мерки во следните месеци, коментира „WBPonline“.

Голем број економисти очекуваат Јапонската централна банка да објави дека ја проширува својата програма за откуп на обврзници или да ја намали уште депозитната камата која во моментов е -0,1%.


source: tradingeconomics.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП