19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и Монако потпишаа договор за размена на банкарски информации

ЕУ и Монако потпишаа договор за размена на банкарски информации

monako 34880

Европската унија и Монако потпишаа договор за размена на информации за банкарски клиенти.

Монако е меѓу неколкуте финансиски центри со традиции во банкарската тајна со која се одложуваат да прифатат барањата за споделување на информации за сопствениците на банкарските сметки.

Овие земји беа ставени под голем притисок откако битката против заобиколувањето на даночните закони стана светски повик. Минатата година Швајцарија, Лихтенштајн и Сан Марино склучија слични договори со ЕУ, а Андора во февруари оваа година.

Според условите на договорот кој беше потпишан, од 2018-та година Монако автоматски ќе ги обезбеди имињата, адресите, даночните идентификациони броеви и роденденските датуми на европските државјани со сметки во кнежеството, како и други финансиски и сметководствени информации.

ЕУ ќе ги обезбеди истите информации за граѓани на Монако.

Договорот ги исполнува меѓународните стандарди на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), кои предвидуваат годишна размена на информации меѓу владите за сметки на граѓани и компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП