2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува позитивната серија на МБИ-10

Продолжува позитивната серија на МБИ-10

mk berza

Индексот МБИ-10 повторно во вторникот беше во раст (+0,6 отсто) и моментално изнесува 1.805,97 поени.

Од 14 хартии од вредност со кои се тргуваше дури 8 забележаа раст на цената, додека само три имаа пад и исто толку беа без промена.

За разлика од понеделникот кога ниту една хартија немаше промет од над милион денари, денари вчера четири хартии беа милионери.

Алкалоид традиционално беше на врвот со промет од 2,1 милион денари (количество од 426, цена 5.035,78 денари), додека втор на листата на милионери беше акцијата на Макпетрол со промет од 1,2 милиони (количество 54, цена 23.525,94 денари). Трета по промет беше акцијата на Стопанска банка Скопје со промет од 1,09 милини (количество 2.557, цена 427,56 денари).

Надвор од класичното тргување имаше една блок трансакција со акцијата на Осигурително друштво Нов осигурителен брокер АД Скопје каде преку блок трансакција се истргуваа 170 лотови по цена од 6.234,00 денари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП